Поради невреме, откажани сите летови од истанбулскиот аеродром

Сите летови од истанбулскиот аеродром „Ататурк“ се откажани поради невреме проследено со силен ветер, обилни врнежи и грмежи кои го погодија Истанбул, соопштија од аеродромската служба.

Сите предвидени полетувања и слетувања се откажани, а во многу делови сообраќајот е во застој. Во соопштението не е наведно кога авио-сообраќајот ќе биде повторно воспоставен.

Турската метеоролошка служба предупреди дека обилните врнежи би можеле да потраат до доцна навечер, најавувајќи дека темните облаци пристигнуваат од Мраморното море.