Свет

Поради невремето во САД без електрична енергија остануваат над 500.000 лица

Поради невремето во САД без електрична енергија остануваат над 500.000 лица

Над 500.000 лица останаа без електрична енергија во централните и североисточните држави во САД, кои викендов беа зафатени од силни снежни врнежи и ледени дождови пропратени со силен ветер, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Од невремето најмногу се зафатени и погодени државите Мичиген и Мејн. Таму без струја во пресрет на Божиќ состанале 300 илјади, односно 100 илјади корисници.

Лошото време во САД веќе зеде 14 жртви.