петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 64

Поради одлуката на ЗАМП, МРТ го откажува Скопски фестивал

Со оглед на фактот што за реализација на фестивалот се потребни вложување на време и труд на голем број најразлични профили и големи финансиски средства, а престанокот на забраната од ЗАМП е неизвесен, Македонската Радио Телевизија реши да го откаже одржувањето на годинашното издание Скопскиот фестивал.

skopski

Последни вести

Македонската Радио Телевизија со жалење ја информира јавноста дека е принудена да го откаже одржувањето на годинашното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2016“.

 Имајќи ги предвид актуелните состојби иницирани од страна на ЗАМП со забраната за емитување на дела од македонски автори коишто ја изместија програмската шема и му нанесоа штета пред се на македонскиот аудиториум, а со оглед на нивното неизвесно решавање во скоро време:

Македонската Радио Телевизија со жалење ја информира јавноста дека е принудена да го откаже одржувањето на годинашното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2016“.

Популарно наречениот Скопски фестивал, востановен во далечната 1968 година, којшто претставува фестивалски бренд на МРТ во областа на забавната музика, воедно е и фестивалска сцена којашто со години наназад продуцира и го збогатува македонското музичко културно наследство.

По долгогодишното замирање на фестивалот и неговото обновување со исклучително залагање на менаџерскиот тим и вработените на МРТ во 2012, поддршката од македонската јавност, ваквото откажување за жал сметаме дека е нужно решение токму поради состојбите иницирани од ЗАМП.

skopski-festival

Јавниот радиодифузер и оваа година, навреме и одговорно пристапи кон повеќемесечните подготовки потребни за успешно издание на фестивалот, со отворен и јавен конкурс за аплицирање на нови и современи авторски забавни композиции, селекција на истите, предлог идејно-сценографско-сценски решенија, графичко визуелни подготовки на шпици и најавни џинглови, сценаристичко-водителски, како и подготовки на сите преостанати многубројни финеси и моменти од подготовките,организацијата и реализацијата на се она што го опфаќа оддржувањето на еден фестивал од ваков калибар и реноме.

Со оглед на фактот што за реализација на фестивалот се потребни вложување на време и труд на голем број најразлични профили и големи финансиски средства, а престанокот на забраната од ЗАМП е неизвесен, Македонската Радио Телевизија реши да го откаже одржувањето на годинашното издание Скопскиот фестивал.

Истовремено ваквата одлука, МРТ дополнително ја поткрепува со ноншалантниот однос и немањето слух ниту став и одговор од ЗАМП во однос на официјалното барање на јавниот радиодифузер за изземање од забраната во текот на емитувањето на директниот пренос од годинашново издание на Јуниорскиот Евросонг во Малта, на којшто како претставник на Македонија настапува нашата Мартија Станојковиќ.

Барањето беше поднесено на 05.10.2016 година, а поради немањето официјален став од страна на ЗАМП, македонската песна претставничка немаше официјална телевизиска промоција со што МРТ беше принудена несоодветно и нецелосно да одговори на веќе востановените и прифатени процедури и обврски кон ЕБУ.

Иако апелиравме дека станува збор за најсензитивниот дел од нашата публика – децата, МРТ ќе ја почитува и овој пат забраната на ЗАМП, без оглед на скандалозниот медиумски преседан којшто дефакто ќе биде предизвикан од ваквиот потег во тек на директниот пренос.

Македонската Радио Телевизија чувствува потреба да им се заблагодари на сите автори и изведувачи кои што аплицираа на конкурсот објавен од страна на МРТ за годинашново издание на Фестивалот „Скопје 2016“ со надеж на многу посоодветна клима за взаемна соработка во иднина.

Најчитани вести