Свет

Поради Оланд, казнета Гаје

Поради Оланд, казнета Гаје

Француската Влада го блокирала поставувањето на Глумицата Жули Гаје, за која медиумите објавија дека е во тајна врска со претседателот на Франција, Франсоа Оланд, во жирито кое одлучува за партиципацијата за француската Академија „Вила Медичи“ во Рим.

Министерството за култура не ги објасни причините за ваквата одлука, но се верува дека е поврзана со аферата што ја обелодени магазинот „Клозе“, минатата недела.

Улогата на жирито е да избере 15 лица кои ќе добијат стипендии од областа на културата, што ќе трае од 12 до 18 месеци во Академијата „Вила Медичи“.