четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 53

Поради оваа фотографија, монструмот го изврши масакрот во Србија

Поранешната сопруга на Синиша Златиќ, кој во петокот вечер уби пет лица во кафуле во местото Житиште кај Зрењанин, планирала својот живот да го продолжи со новото момче.

kafic-zrenjanin-5

Поврзани вести

Поранешната сопруга на Синиша Златиќ, кој во петокот вечер уби пет лица во кафуле во местото Житиште кај Зрењанин, планирала својот живот да го продолжи со новото момче. Во масакрот на нејзиниот сопруг во барот „Макијато“ во српско Житиште, покрај неа, загина и нејзиниот нов пријател Стеван Јојиќ (40), како и три невини лица, кои во моментот се нашле на местото.

kafic-slika

Се започнало од оваа фотографија, која откако Синиша ја видел, полудел. Четириесет и пет минути по објавувањето, тој дошол во истиот бар.

Јојиќ кој работи и живее во Шведска, бил дојден во родниот крај на одмор. Негов пријател за „Новости“ изјавил дека тој планирал свадба со Дијана Златиќ.

Врската траела неколку месеци, а започнала после прекинот меѓу Синиша и Дијана. Најпрво се гледале во тајност, но во последно време излегувале и јавно.

Пред трагедијата, заедно го поминале викендот во Аранѓеловац.

Исто така изјавил дека го поканил Стеван со Дијана и нејзиниот 8-годишен син во Шведска. Меѓутоа, таткото Синиша не сакал да потпише согласност за патување и отворено кажувал дека го мрази тоа што Дијана се дружи со Стеван.

Погребот на Стеван ќе биде денес, како и Владимир Мијатовиќ, негов врсник, пријател и сосед од Житиште.

Најчитани вести