Поради овие нешта мажите збеснуваат од љубомора

Размената на пораки преку мобилен или социјални мрежи со други мажи, него го доведува до „лудило“.  Не му е пријатно што имате посебен приватен живот во дигиталниот простор, каде сите опции се отворени.

Вашиот најдобар пријател е маж

Не е важно колку вашата врска е платонска, партнерот постојано ќе се прашува дали може да се изроди нешто повеќе од ова пријателство. Ако сакате за ова можетре да ги обвините големиот број романтични комедии, во кои најдобриот пријател токму пред крајот сфаќа дека неговиот љубовен живот цело време му стои пред носот.

Спомнувањето на старите добри времиња со бившиот

Ако не сакате вашиот партнер да прашува дали се уште сте заинтересирани за бившиот, тогаш воопшто немојте да го споменувате пред него. Значи, никогаш не го споменувајте бившиот во негово друштво!

Кога ги поминувате деновите без него

Одите на одмор со пријателите, односно без партнерот. Тоа за него е јасен знак дека не ви се допаѓа да поминувате подолг временски период во негово друштво.

Кога ќе одите на забава без него

Ако одите на забава само со своите пријатели или колеги од работа, а притоа објавувате непристојни фотографии на социјалните мрежи, треба да знаете дека тој ќе се чувствува повредено – и дека ќе биде љубоморен.

Кога работите прекувремено

Неочекуваната прекувремена работа до доцна во вечерните часови е универзален предизвикувач на љубомора кај двата пола. Тоа ви е јасно, нели?