Поради педофилски фотографии на Фејсбук скопјанец доби шест години затвор

Шест години затворска казна доби скопјанецот, кој во март годинава ја згрози јавноста објавувајќи на Фејсбук фотографии од неговата малолетна внука. За педофилскиот скандал изречена му е казна под законскиот минимум од осум години затоа што го признал делото. Пресудата Кривичниот суд ја изрекол за 34 – годишен скопјанец кој на Фејсбук објави експлицитни фотографии на кои неговата малолетна внука е во сексуална положба,  објави Канал 5.

 Обвинителството го товареше дека фотографиите ги снимил уште во јуни минатата година, а во март годинава ги објавил на профилот на пријателка од Белград и му ги испатил дури и на сопствениот малолетен син. По ова полицијата го приведе, потсетува Канал 5.