Поради песочна бура во Иран, во болница завршија 95 луѓе

Најмалку 95 лица побарале лекарска помош поради респираторни проблеми предизвикани од песочна бура што ги погоди провинциите Систан и Балучистан во југоисточниот дел на Иран.

Генералниот директор на локалната агенција за управување со катастрофи, Абдолрахман Шахнавизи, рече дека во текот на ноќта 68 лица биле пуштени од болница, а 27 биле хоспитализирани, објави агенцијата „Мехр“.

Песочна бура предизвикана од ветрови со брзина до 115 километри на час ја погоди провинцијата во понеделникот, објави агенцијата АП.

Поради песочната бура, концентрацијата на потенцијално штетни честички во воздухот е 30 пати поголема од дозволената.