Свет

Поради појава на птичји грип во Јапонија уништени 4 000 пилиња

Поради појава на птичји грип во Јапонија уништени 4 000 пилиња

Јапонските власти наредија денеска уништување на 4.000 пилиња од фарма на запад во државата поради појава на птичји грип.

Сопствениците на фармата во Мијазаки откриле птичји грип кај живината откако во неделата ненадејно угинале 20 пилиња.

Тоа е прв случај на птичји грип на живинарски фарми во Јапонија од април оваа година, но во ноември беа пронајдени угинати две диви птици со тој вирус. Во април беа уништени 110.000 живина за два дена.