Поради поплавите прогласена вонредна состојба во Газа

Вонредна состојба е прогласена вчера во Газа пораи поплавите што го зафатија градот по неколкудневните поројни дождови.

– Стотици жители на поплавените подрачја во северниот дел на Газа, од населбата Шеик Радван, се евакуирани од своите домови, се наведува во соопштението.

Во појасот Газа околу 100.000 Палестинци се уште немаат покрив над глава, три месеци по прекинот на огнот со кој се стави крај на 50-дневниот крвав судир меѓу Израел и Хамас, а изградбата на нови домови се уште не е почната.

Засега во областите во Газа зафатени од поплавите нема жртви, но ситуацијата е тешка, поради што УНРВА почна со испорака на гориво за општините, медицинските установи и постројките за снабдување со вода.

Претставникот на УНРВА Роберт Тарнер изјави дека агенцијата е многу загрижена поради обилните врнежи на почетокот на сезоната, како и разурнувањата и штетите за време на неодамнешниот конфликт.