Поради проневера на пари, полицијата упадна во просториите на ДФБ

Поради проневера на пари, Германскиот фудбалски сојуз е под истрага на полицијата

Упадот во просториите на ДФБ беше извршен поради исчезнувањето на 6,7 милиони евра кои наводно биле уплатени на сметка на Светската фудбалска федерација (ФИФА) за организација за Мундијалот во 2006 година, изјави за Билд Надја Нисен, јавниот обвинител на Франкфурт.

Германскиот весник објави дека во 2000 година од директорот на “Адидас” Роберт Луис Драјфус се позајмени 6,7 милиони евра со цел комитетот да ги подмити службениците на ФИФА. Обвиненијата за корупција Нисрбах ги опиша како “басни”.

На 6-ти јули 2000 година, ФИФА и го додели организирањето на Светското првенство на Германија откако со 12 гласови наспроти 11 ја победи Јужноафриканската Република.

Како што обелоденија локалните медиуми, парите се уплатени на сметката на ФИФА пред да се донесе одлуката, со цел да се обезбедат уште четири гласови на азиските делегати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.