Поради протекување на гас 12 деца изгубија свест во Србија

На 12 ученици во местото Шајкаш, во близина на Тител во Србија им се слошило во спортската сала на основното училиште „Исидора Секулиќ“.

Според првичните информации, причина за тоа е што во салата ненадејно почнал да протекува гас, а децата веднаш биле префрлени во болницата во нови Сад, пишува српски „Курир“.

Децата веднаш биле префрлени во Клиничкиот болнички центар Војводина во Нови Сад, каде ќе добијат адекватна нега.

-Децата се згрижени и нема опасност по живот, а полицијата и сите надлежни служби се наоѓаат на терен, велат од српското МВР.

Во училиштето во моментов има и полиција која врши увид на местото на настанот.

фото: AP