Поради селфи фотографија џихадистите на ИД биле срамнети со земја

Генералот Хол Карлајл, командант на американските воздухопловни сили во базата во Ленгли, пред неколку дена на собир во Арлингтон, откри на кои начини американските војници се носат со припадниците на ИД, пренесува српски „Курир“.

Благодарение на еден припадник на ИД, кој помислил дека е одлична идеја да се пофали на социјалните мрежи со селфи фотографија, Американците откриле каде се наоѓаат тој и неговите колеги, па местото буквално го срамниле со земја.

– Само 22 часа од моментот кога припадниците на воздухопловните сили ја видоа таа објава на социјалните мрежи, откривме каде се наоѓа базата и таму фрливме 3 „JDAM“ бомби”, раскажува генералот Карлјал, без притоа да открие каде бил изведен нападот.

Американскиот генерал за време на собирот, меѓу другото нагласи и дека американските и коалиционите сили досега извеле повеќе од 4.200 напади, и дека притоа убиле околу 13.000 непријателски војници.

Како изгледа кога бомбардирате со „JDAM“ бомби, можете да погледнете на приложеното видео.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.