Поради штрајк откажани летовите на „Луфтханза“ од и до Париз

Штрајкот на вработените во „Луфтханза“ е причината сите летови предвидени за денес на компанијата од и до парискиот аеродром „Шарл де Гол“ да бидат откажани .

Работниците во него одржуваат штрајк поради планираните намалувања на 200 работни места. Од штрајкувачките дејствија се погодени 1.300 патници, информира „ИТАР-ТАСС“.

„Денес никој не дојде на работа, сите вработени соопштија дека се болни“, изјавил портпаролот на компанијата „Аеропортс де Парис“, што управува со неколку аеродроми, вклучувајќи го и „Шарл де Гол“.

„Како резултат на ова се откажани сите денешни, вклучувајќи 11 полетувања од Роаси и 11 што требаше да пристигнат“, додал тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.