Поради силно невреме, делови од Белград без струја

Големо невреме, проследено со пороен дожд и силен ветер, доцна попладнево го погоди Белград, предизвикувајќи дефекти во електричната мрежа и застој во сообраќајот, јави ДПА.

Поради невремето големи делови на српскиот главен град останаа без струја, а десетици илјади луѓе останаа заглавени во своите возила во време на попладневниот сообраќаен метеж околу 18 часот, кога невремето го достигна својот максимум.

Неколку клучни крстосници во градот беа поплавени, а надојдените води носеа автомобили и контејнери за смет. Силниот ветар откорна и повеќе дрва.

Засега нема информации за повредени при невремето, но полицијата издаде предупредување до граѓаните да останат во своите домови и да не се движат со автомобили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.