Поради снег парализиран северозападниот дел на Бугарија

Снежни врнежи и наноси до три метри го парализираа северозападниот дел од Бугарија, пишува МИА.

Државната агенција Патна инфраструктура ги предупреди возачите дека без поголеми потреби да не патуваат на подрачјето на окрузите Видин, Монтана, Враца, Плевен и Ловеч.

Од патот Монтана-Лом се извлечени 200 возила кои со часови беа во снежна блокада.

Метеоролошката состојба  во северозападна Бугарија е исклучително тешка при што урагански ветар предизвика наноси и ограничува видливост на патиштата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.