Поради снег парализиран сообраќајот во Грција

Снегот во многу делови на Грција го парализира движењето. На патиштата има километарски колони, како и голем број сообраќајни несреќи, јавува МИА.

Полицијата забрани автомобилите да тргнуваат на пат без синџири во некои делови во областите на Атика и на Пелопонез. Голем број патишта во Северен Пелопонез се затворени за движење, а десетици возачи ја поминаа ноќта во автомобилите.

Отежнато е и движењето на автопатот во Атика.

Во Централна и Северна Грција температурата на воздухот се спушти до минус 11 степени Целзиусови.

фото: greekreporter.com

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.