Поради снегот 46.000 домаќинства во Србија без струја

Како последица на снегот и силниот ветер кој што од вчера ја зафатија Србија, околу 46.000 семејства остнале без струја.

Најтешко погодени се реоните на Пријепоље, Рашка, Нова Варош, Гуча, Сјеница и Ивањица.

Во општината Нова Варош, каде снегот континуирано врне уште од средата во поладневните часови, без струја останна 2.800 домаќинстава, а некои делови од градот се и без вода за пиење.

Во Нова Варош наврнаа околу 25 сантиметри снег, додека на врвовите Златара, Муртеница, Босенија и Јавор има формирано снежна покривка од 40 сантиметри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.