Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кај Демир Капија

Поради сообраќајна незгода во прекин е сообраќајот на автопатот „Скопје -Гевгелија“ кај тунел „Демир Капија“, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од СВР Велес повеќе информации за сообраќајната несреќа најавуваат за подоцна во текот на денот.