Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Кавадарци – Прилеп

Поради сообраќајна несреќа од 14:30 часот во целосен прекин е сообраќајот на магистралниот пат Кавадарци – Прилеп, кај тунелот во близина на село Фариш.

Оваа информација ја соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).