Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Удово-Демир Капија

Од 07:20 часот на магистралниот пат А1 Удово-Демир Капија кај местот викано „Света Петка“, сообраќајот е во прекин во двата правци поради случена сообраќајна незгода.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.