Поради штрајк „Alitalia“ откажа 200 летови

ANSA / Daniel Dal Zennaro

Италијанската воздухопловна компанија „Alitalia“, којашто западна во големи финансиски проблеми, објави дека откажала 200 домашни и меѓународни летови во неделата поради штрајкот на дел од персоналот.

Алтернативно решение сепак е веќе пронајдено за 80 отсто од патници, се истакнува во објавата на интернет страницата на компанијата од неделата.

Компанијата „Alitalia“, којашто забележува загуби веќе се години, на 2 мај беше ставена под принудна управа, откако персоналот го отфрли планот за реструктуирање со кој се предвидуваше отпуштање на 1.700 вработени.

Акционерите, компанијата „Etihad“ и банките, предложија план за спасување на компанијата, намалување на платите и откази, но вработените на внатрешен референдум го отфрлија.

Во сопственоста на „Alitalia“ со 49 отсто учествува „Etihad“, а 51 отсто се во сопственост на италијанските банки. Владата во Рим ја исклучи секоја можност за национализација, а сега се бара купувач за целата и дел од активноста на компанијата.

Штрајкот кој се најавуваше веќе со седмици, дојде во периодот кога траат расправите за модалитетите на постапката за техничкиот отказ беше најавен во средата за 1.358 лица. Дел од персоналот протестира и против неисплатените плати за мај, иако тројца од поверениците ветија дека тоа ќе го решат до следниот месец.

На почетокот од мај „Alitaila“ доби кредит од италијанската држава од 600 милиони евра, за следните шест месеци да може да ја извршува својата дејност. Меѓутоа, и покрај промотивните кампањи кои ветуваат големи заштеди доколку се патува со оваа компанија, таа тешко ја врќа довербата на патничките агенции и на патниците кои ги претпочитаат услугите на другите воздухопловни компании.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.