Свет

Поради страв од напад, дански весник нема да ги реобјави карикатурите на Мухамед

Поради страв од напад, дански весник нема да ги реобјави карикатурите на Мухамед

Данскиот весник „Јиландс Постен“ кој ги налути припадниците на исламот со објавување на карикатури од Пророркот Мухамед пред 10 години, нема повторно да ги објави карикатурите на „Шарли ебдо“ поради безбедносни причини, јавува Ројтерс, пренесува Нетпрес.

-Тоа покажува дека насилството има ефект, велат од весникот.

Другите поголеми весници во Данска повторно ги објавија карикатурите на францускиот сатиричен неделник како дел од вестите за нападот на редакцијата. Исто така голем број весници во Европа повторно ги објавија карикатурите во знак на протест по масакрот.

Инаку весникот „Јиланд Постен“ во 2005 та година објави околу 12 карикатури од различни автори на кои беше прикажан Пророкот Мухамед, поради што избија голем број на протести кои резултираа со 50-тина човечки жртви.

– Ние живеевме во страв од терористички напад последните девет години, и да, тоа е објаснувањето зошто нема повторно да ги објавиме карикатурите, без разлика дали станува збор за наши карикатури или на „Шарли ебдо“, велат од весникот.

Инаку, по нападот во францускиот весник, „Јиландс Постен“ и заостри безбедносните мерки во редакцијата.