Поради страв од нов обид за пуч, базата „Инџирлик“ блокирана

Околу 7.000 турски специјалци во оклопни возила ја опколија утрово воздухопловната база Инџирлик што ја користат НАТО и САД, јавуваат турски медиуми, а пренесува МИА.

Турскиот министер за преговори со ЕУ, Омер Челик објасни дека се работи за „безбедносна проверка“, но се појавија и шпекулации за нов обид за пуч.

Турскиот весник Хуриет претходно објави дека полицијата во градот Адана, во близина на Инџирлик, добила информација за нов обид за пуч, по што таму се испратени специјалци.

Влезот во базата е блокиран, а на фотографии од граѓани се гледаат специјалци со автоматско оружје и водени топови.