Поради свлечиште, два месеци забрана за автобуси и камиони од браната до селото Маврово

Поради појава на свлечиште на патот Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин и возилата се пренасочуваат низ Битола, соопшти диспечерскиот центар на „Македонија пат“.

Од АД „Бетон“ известуваат дека поради изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, делницата од брана Маврово до селото Маврово ќе затворена за сообраќај за тешки товарни возила и за автобуси од денеска па во наредните два месеца.

Сообраќајот за лесни возила ќе се одвива по постоечка девијација согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај одобрен од Министерство за транспорт и врски, велат од „Македонија пат“.

Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку село Леуново.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.