Поради свлечиште непрооден патот Гевгелија – Смрдлива вода

Од попладнево регионалниот пат Гевгелија – локалитет „Смрдлива вода” е непрооден за сообраќај поради свлечиште кај месноста „Длабок дол“, соопшти АМСМ.

Коловозот на месноста е затрупан со земја и камења и е непрооден за сите видови возила.