Поради жештините, на Австралија и се закануваат пожари

Австралиските официјални лица предупредија на ризик од големи пожари, бидејќи југоистокот на континентот е зафатен од бран на екстермно високи температури, па десетина илјади на пожарникари се подготвени.

Во Австралија се стравува дека би можела да се повтори „црна сабота“ кога огнената стихија од 2009 година однесе 173 животи во државата Викторија, а тогаш стихијата избриша неколку села и уништи 2000 куќи.

Премиерот на Викторија, Питер Рајан изјави дека следните четири дена се најкритични и дека најголема опасност од пожар има во петок. Според прогнозите, дотогаш ќе дуваат силни ветрови. Во државите Јужна Австралија и Викторија оваа недела очекуваат екстемни жештини и температури над 40 степени.

Во шумски пожар во Перт имаше еден загинат, 52 куќи се уништени, а стотина жители беа евакуирани.

Шумските пожари и високите температури се вообичаени во летниот период во Австралија од декември до февруари.

Поради високите температури и жештината, проблеми имаат тенисерите и публиката на Австралија опен.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.