Порака до Заев и Чадорот – избори ќе има, но вас ќе ве нема

Во минатата колумна пишував дека на Македонија и’ недостасуваат лидери и еден ден потоа дојде Одлуката на претседателот Иванов да ги аболицира сите политичари. Таа одлука изгледаше како невиден идиотизам.

САМО ШТО ДЕНЕС ДЕФИНИТИВНО МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА БАРЕМ ПРИВРЕМЕНО, ПРЕТСТЕДАТЕЛОТ СПРЕЧИ ГРАЃАНСКА ВОЈНА.

Пред да почнам со хронологијата, ќе дадам мало појаснување.

Наметната од пред година и пол политичка криза има за цел да ја замени Владата на Груевски со квислиншка Влада на Заев, која би го сменила македонското име и идентитет и да оствари официјална федерализација на Македонија, а потоа и целосно уништување на македонскиот народ и држава. За реализација на таа цел е потребно владејачката ВМРО ДПМНЕ да ја изгуби власта било преку наметнати парламентарни избори, било преку „обоена“ револуција, слична на украинската. Двата потфата одат континуирано, иако во последниве месеци има предност дестабилизацијата преку создавање хаос во државата. Затоа што анализите покажуваат дека опозицијата катастрофално ќе изгуби на изборите. Необјавената војна против Македонија ќе се води од САД и неговите сателити од ЕУ, а конкретни организатори на таа војна во Македонија се американскиот амбасадор Бејли и англискиот амбасадор Гарет со поткрепа на Соросовите организации. Извршители се платениците на Сорос и СДСМ, а идеолошката пропаганда на Пучот се остварува од Хан, Орав, Вајгл, Ховит и Кукан.

  1. Споменатата диверзантска банда направи се’ за да ги одложи закажаните избори за 24 април, затоа што како што кажуваат прогнозите ВМРО ќе добиеше апсолутно мнозинство. За да бидат одложени изборите, Бејли ги уцени ДУИ и ДПА да го откажат своето учество, а потоа заедно со претставниците на ЕУ го уценуваше и ВМРО-ДПМНЕ ако се спроведат изборите тие нема да ги признаат,
  2. Позади најавениот од самиот Бејли датум за избори-5 јуни се криеја две…