Порака од битолчанки: „Нашите разлики се нашата сила“

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од Битола по повод Светскиот ден на културната разноликост организираше средба со битолчанки на плоштадот Магнолија под мотото „Нашите разлики се нашата сила“.

Пораката дека во разликите е силата беше испратена на македонски, српски, албански, турски, ромски и влашки јазик.

Претставувајќи ги своите национални кујни, порачаа: Ние жените припаднички на различни вери и националности на дело го покажуваме заедништвото и силно и гласно порачуваме, дека тоа никој нема да дозволиме да го наруши.

2

3