Порака до Јанева од европратениците: СЈО не смее да биде страна во изборите

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска доби уште една опомена дека е неприфатливо да се меша во изборниот процес и да прави обиди за влијание врз изборните резултати.

Тројцата претставници на Европскиот парламент, Кнут Флекенштајн, Едвард Кукан и Иво Вајгл по средбите со политичките лидери и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рекоа дека на специјалната обвинителка и’ го пренеле ставот дека е важно во предизборието оваа институција да не дозволи на неа да се гледа како страна во изборниот процес.

„ Ја повторивме нашата поддршка за СЈО, но во исто време ние исто така нагласивме дека е важно јавните обвинителства да не се гледаат како заинтересирана страна во изборниот процес пред одржувањето на изборите“, рече европратеникот и известувач на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл на денешната прес конференција на крајот од мониторинг посетата на Македонија.

Инаку, тројцата европарламентарци изразија задоволство од досегашниот тек на изборната трка велејќи дека според нивните оценки се’ минува во фер и демократска атмосфера и имаат добра причина да очекуваат дека во атмосферата од предизборието ќе се преслика и на изборниот ден на 11-ти декември.

„Имаме добра причина да веруваме дека изборите на 11-ти декември ќе бидат фер, транспарентни и почеток на ново време за Македонија, секако по изборите е време да се признаат резултатите“, вели Вајгл.

ivo-vajgl-640x427

Според Кукан, по изборите е од особена важност да се признаат резултатите од сите политички партии и новоформираната влада да ги имплементира реформските приоритети.

 

„По изборите новата влада ќе треба веднаш да почне со имплементација на итните приоритетни реформи бидејќи тоа најдобро ќе покаже дека сте посветени на евроинтеграцијата и конечно вашата земја ќе почне да се движи во вистински правец“, вели Кукан.

Инаку, Јанева и специјалното јавно обвинителство во изминатиот период добија неколку опомени и критики од надвор. Претходно и еврокомесарот Јоханес Хан по неговата посета на земјава пред еден месец порача дека СЈО и Јанева мора да работат професионално и непристрасно и да не мешаат во изборниот процес.

Поранешниот американски дипломат, Адам Ерели пак во колумна во угледниот весник „The Hill“пишува дека Јанева ја злоупотребува својата моќ и ја дискредитира оваа институција како и довербата на јавноста која со заклетва се обврза да ја брани. Таа, додава Ерели, го оцрнува целиот судски систем преземајќи го законот во свои раце.

the-hill-640x295

„Кога специјален обвинител се повикува да спроведе целосна законска промена во системот на една земја, од него се очекува дека ќе постапува според вредностите, кои секојдневно ги застапува во судовите. За жал, овие очекувања не се реализираат во случајот со специјалниот јавен обвинител во Македонија, Катица Јанева, напиша Ерели.

Неодамна и претседателот на ГРЕКО, независна, стручна институција при Советот на Европа која следи, мери и дава препораки за борба против корупција и организиран криминалги осуди методите на работа на Јанева и нејзиниот тим.

„Не можам ниту јас, ниту ГРЕКО да ја оцениме работата на СЈО, ние во одредени ситуации даваме препораки на државите кога гледаме дека постои простор за подобрување, кога станува збор за контакти меѓу обвинителства, судови и медиуми бидејќи знаеме дека тоа е многу важно. Секако дека контактите и прес-конференциите се неопходни во одредени ситуации поради впечатокот за ситуацијата и треба да се води сметка за тоа кога и колку се одржуваат. Јас знам од искуство, барем обвинителите, оние со кои јас комуницирам, тие не се пресреќни со јавни настани од две причини. Како прво кога ќе се направи истрагата и се подигне обвинение процесот не е готов, туку само што почнал“, рече Марин Мрчела, судија и претседател на ГРЕКО групата на држави за борба против корупцијата во Советот на Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.