Пораки од концерт на Златна Зора: „Идејата за голема Грција е жива” и „Евреите да се фрлат во море” (ВИДЕО)

зора

Идејата за Голема Грција се уште живее, Евреите надвор и да се истребат со фрлање во море, Турци Монголи убијци, се дел од пораките што преку песни и говор, пред развиено нацистичко знаме, беа упатени на концерт во организација на Златна Зора, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Во рамките на видеото кое што датира од пред две години, а кое што дури сега протече во јавноста, се глорифицираат нацистичка Германија, Третиот рајх и Ес Ес, а меѓу присутните јасно се гледаат лидерот и околу шестмина пратеници на Златна Зора, како меѓудругото, изведуваат и нацистички поздрави.

Во неколку наврати, на видеото јасно се слуша како присутните довикуваат “Евреи надвор”, на што еден од изведувачите од концертот одговара:

И не само надвор Евреите, туку треба и да ги истребиме…назад во морето без бродови. 

На концертот беа испеани и песни со стихови во кои што се порачуваше “Бомби над Израел”  и “Големата ( Мегали ) идеја засекогаш е жива”. Изведена беше и химната на нацистичка Германија.

По објавувањето на видеото, со реакција се јавија од политичката партија Потами. Од таму велат дека преку ова видео, Златна Зора многу јасно се претстави себе си без маска, како една нео-нацистичката партија, што и реално претставува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.