Пораките на Хан јасни: Избори во декември и почитување на изборните резултати

Важно е изборите да бидат добро подготвени и изведени на начин на кој никој не ќе може да ги критикува, но, не се се’. Тие се темел за враќање на земјата на патот кон евроинтеграциите, но важно е да се работи и на имплементирање на препораките од Извештајот на Прибе, изјави еврокомесарот Јоханес Хан по завршувањето на средбите вчера во Скопје.
Хан меѓу другото порача дека е постигнат извесен напредок во однос на медиумите, како и во однос на прочистување на Избирачкиот список. Еврокомесарот се осврна и на работата на Специјалното обвинителство рече дека тоа мора да ја работи својата работа непристрасно и професионално.
Политички аналитичари велат пораките кои ги испрати Хан се кристално јасни дека избори на 11-ти декември ќе има и дека условите за тоа се исполнети и никому не му се остава простор да ги оспорува изборните резултати. Дел од нив сметаат дека пораките на еврокомесарот значат ставење крај на обидите на опозицијата за избегнување на изборите во декември и нивните надежи дека и да не се победници во декември ќе се најде за нив место во Владата односно дека меѓународната заедници ќе инсистира на формирање на широка Владата. Хан, беше јасен, сметаат дел од аналитичарите и во поглед на тоа дека Специјалното обвинителство нема да добие ниту неограничен мандат, ниту пак специјално судско одделение.
„Нема специјален суд, нема ни продолжен мандат за “специјалната”, на која и се забележува за начинот на кој ја врши работата. Нема ни најава дека “сите ќе бидат победници” на 11 декември – Хан рече да не им се даваат изговори на тие што ќе изгубат потоа да ги оспоруваат изборите – што јасно укажува дека неам да има широки коалиции (СДСМ евентуално може да бара такво нешто велејќи дека се најголема партија на етничките Албанци, памда го бара местото резервирано за ДУИ или ДПА). На крај, во најрастегливата категорија, оценка дека и медиумите известуваат балансирано и нема да бидат изговор за СДСМ кога ќе изгубат“, напиша новинарот Цветин Чилиманов на својот Фејсбук профил коментирајќи ги изјавите на еврокомесарот Хан.

cvetin
Аналитичарот Алексaндар Пандов вели Хан како добар познавач на македонската политичка криза испрати јасни пораки дека изборите во декември ќе има и дека повеќе нема простор за изговори.
„Кристално јасна порака на Хан. Како добар познавач на македонската политичка криза и еден од креаторите на Договорот од Пржино тој јасно испрати порака дека сите договорени работи се исполнети и дека Македонија е подготвена за избори на 11-ти декември. Радува фактот што сите лидери ја изразиле својата подготвеност за избори, особено лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Она што преостанува е да се испочитува рокот за распуштање на Собранието и да се запазат останатите рокови, но сите останати работи од Избирачкиот список до избалансираност на медиумите, работата на СЈО како посебен дел се исполнети и на 11-ти декември ќе излеземе на избори. Хан порача дека по изборите на 11-ти декември очекува победникот, кој нема да биде оспоруван, ќе формира политичка влада и ја отфрли идејата за широка или техничка Влада“, вели Пандов.
Во однос на изјавата за работата на специјалното обвинителство Пандов вели зборовите на Хан позитивно ја изненадија една страна, додека најверојатно опозицијата која на СЈО гледаше како главен адут во предизборната кампања и алатка за поправка на рејтингот беше особено негативно изненадена.
„Како и да ја толкуваме изјавата на Хан останува дека негова оценка е дека специјалното обвинителство треба да биде експертско, надпартиско и дека неговата досегашна работа во полза на една партија треба да престане“, вели Пандов.
Дека изјавата на Хан во однос на специјалното обвинителство не им се допадна на опозицијата, активистите и поддржувачи на СДСМ може да се заклучи и од реакциите објавени на социјалните мрежи.

„Хан рече дека освен што треба да работи непопречено, СЈО треба да работи и професионално. Тие што знаат да цитираат дипломатија, ќе ви кажат дека оваа порака ала „две минути за Хитлер, две минути за Евреите“ ја измесува ЕУ од позицијата на цврста поддршка за СЈО во позицијата не толку цврста поддршка. Што тоа значи како сигнал за МВРО-ДУИ, само можете да претпоставите… Оваа порака треба да ја сфатат мошне сериозно пред се’ граѓаните, оние кои се над 60 отсто поддршка застанаа зад овие храбри жени, но и независно граѓански сектор“, напиша активистот Петрит Сарачини на „Фејсбук“.

fb2

Еврокомесарот Јоханес Хан во текот денешната посета на Скопје во пресрет на предвремените парламентарни избори, имаше средби со премиерот Емил Димитриев, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, како и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со претставници на невладиниот сектор.