Поранешен агент на ЦИА: Потрошивме милиони за да ја разбиеме Југославија

Овој агент бил уапсен неколку пати во последните години поради откривање на државна тајна. До сега има ојавено повеќе книги за ЦИА, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш.

Во Сараево пристигнав на 12-ти јануари. Дојдов со хеликоптер со уште тројца агенти. Задачата ни беше да внимаваме на српските терористи кои требале да го нападнат градот. Имавме информации дека ќе додје до неколку терористички напади во градот поради намерите на Босна и Херцеговина да отстапи од поранешна Југославија. Но тоа била лага, нашите шефови не лажеа. Нашата примарна задача беше да шириме паника меѓу политичарите дека ќе дојде до напади, рекол Баер.

Тој наведува дека задачата траела само две недели, а дека потоа заминал во Словенија со нова мисија.

Цела операција траеше месец дена и носеше назив „ Вистина“, рекл Баер.

Тој додава дека во Словенија, која била подготвена за независност, неговиот тим добил над милион долари за да ги финансира невладините организациии, опозициските партии и политичари кои промовирале омраза.

Целта на пропагандата беше да се распадне Југославија.

Тој напоменува дека  тие кои ја предизвикале војната денеска се сопственици на компании кои користат природни и други ресурси од земјите на поранешна Југославија.

Едноставно направија робови од вас. Сега морате да увезувате многу од другите земји, а со оглед на тоа дека немате пари, морате да се задолжувате. Тоа е суштината на целата приказна околу Балканот, вели Баер.

За крај тој ги повика луѓето на Балканот да не се мразат меѓу себе и да заборават на минатото што било дел од една голема претстава.

Можеби ќе ве интересира и ова: