Поранешен лекар уби лекарка, шестмина ранил во болницата во Бронкс

Uli Seit for The New York Times

Лекар кој останал без работа во њујоршката градска болница поукал во болничката зграда во петокот и убил лекарка и ранил шест лица пред да се убие соопшти полицијата додавајќи дека насилството очигледно е поврзано со спор околу работното место.

Напаѓачот, кој бил облечен во бел лекарски мантил, предизвикал паника во болничкиот центар во њујоршкиот кварт Бронкс, и се обидел да се самозапали пред полицијата којашто ја пребарувала зградата да го најде мртво, изјавил полицискиот претставник Џејмс О’Нил.

Убил лекарка а шест други луѓе ранил, од кои пет тешко, вклучително и лице кое го застрелал во ногата, рекол О’Нил на прес-конференција.

Њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио изјави дека станува збор за „изолиран инцидент“, и оти се чини дека е поврзан со поранешното работно место на сторителот. Негираше дека станува збор за терористички чин.