Поранешен пилот на „Флај Дубаи“: Авионската несреќа беше неизбежна

Инцидентот со авионот на „Флај Дубаи“ беше неизбежен, вели поранешен пилот на „Флај Дубаи“ за Раша Тудеј кој побара да остане анонимен. Како што изјави, компанијата барала пилотите да „работат до смрт“ и покрај големиот број поплаки.

Во изјава за РТ, поранешниот пилот вели дека менаџментот на Флај Дубаи бил свесен за проблемот но не сторил ништо за да го реши.

Кога сеуште бев во компанијата, едно од последните нешта што им ги кажав на менаџерите е дека ќе има несреќа поради заморот на пилотите, вели тој.

Причините за замор се едноставни – ги тераат пилотите да работат прекувремено и не им даваат доволно време за спиење помеѓу летовите.

Тој прикажал и документи од кои што се гледа дека пилотите, а особено помладите пилоти летале и по неколку летови во низа. Тој објаснил дека екипажот немал доволно време за спиење.

Тој додаде дека е речиси сигурен дека токму недостатокот на сон и одмор придонел за авионската несреќа на „Флај Дубаи“ кај рускиот град Ростов на Дон, во која загинаа 62 лица, сите патници и членови на екипажот.