Спорт

Поранешен ракометар стана фудбалерка

Поранешен ракометар стана фудбалерка

Пранешниот австралиски ракометен репрезентативец, 28-годишниот Калам Маунси, стана првиот трансродов спортист кому челниците на Австралиската фудбалска лига (AFL) му дозволија да настапува за женска екипа во највисокиот ранг на натпреварувањето.

Маунси за ракометната селекција на Австралија одигра 22 средби, настапи и на светското првенство во 2013 година во Шпанија, а со своите 190 сантиметри и 90 килограми играше на позицијата пивот.

Пред четири години Маунси ја започна половата трансформација сменувајќи си го името во Хана. Започна со хормонална терапија и се обиде кариерата да ја продолжи како ракометарка, меѓутоа не доби дозвола од Австралискиот ракометен сојуз. Хана потоа се сврте кон фудбалот, кој е најполуларниот австралиски спорт. Досега настапуваше на локално ниво, но од 2018 година ќе може да игра и во првалата лига во некоја од сојузните држави. Маунси најави дека ќе игра во шампионатот на државата Викторија.

„Мислам дека би било несоодветно да му се заблагодарам на водството на AFL што ми дозволи да работам мешто што му е дозволено секому во Австралија“, наведе во писмото до јавноста Маунси.

И покрај одлуката во случајот Маунси, AFL уште ја нема дефинирано рамката за родовата разноликост.

„Сакаме сите Австралијци да може да учествуваат во нашата игра. Меѓутоа, ова се сложени прашања и ние ги разгледуваме стручните мислења и меѓунородните рамки кои влијаат на нашите одлуки“, порачаа AFL.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) пред две години ги усвои новите насоки според коишто трансполовите лица нема да мора да се подвргнуваат на операции за промена на полот за да настапуваат на Олимписките игри и другите меѓународни натпреварувања. Новите насоки не ставаат никакви ограничувања за жените коишто сакаат да се натпреваруваат во категориите за мажи, секако со услов да се чувствуваат како мажи, додека мажите коишто би сакале да се натрпеваруваат во женските категории мора да докажат дека нивото на тестостерон во крвта изнесува 10 нмол/Л барем дванаесет месеци пред првото натпреварување на коешто сакаат да настапат. Досегашните правила, усвоени во 2003 година на состанокот во Стокхолм, бараа мажите коишто се чувствуваат како жени, и обратно, да се подвргнат на хируршка интервенција за промена на полот, како и да примаат најмалку две години хормонална терапија за да може да се натпреваруваат во спротивната категорија.

Австралискиот фудбал е екипен спорт кој се игра со 18 играчи во полето, а се игра на игралиште за крикет или сличен овален терен, кој мора да бид долг од 135 до 185 метри, а широк од 110 до 150 метри. Се игра со топка со јајчеста форма, но та е различна од онаа со којашто се игра рагби или американски фудбал. Оваа игра е слична на рагбито, американскиот фудбал и на келтскиот фудбал (Gaelic football), а користи некои елементи и од класичниот фудбал.

Според просекот на гледаноста AFL е четвртата најгледана лига во светот. Натпреварите во австралиски фудбал во просек ги следат повеќе од 35.000 гледачи. Погледани се само американската NFL со просек од 69.400 гледачи, германската Бундеслига со просек од 41.500 гледачи, и анлгиската Премиершип со просек од 35.800 гледачи