Поранешен руски шпион во критична состојба по контакт со непозната материја во Британија

Поранешниот советски и руски шпион Сергеј Скрипал се наоѓа во критична здравствена состојба откако наводно бил изложен на непозната материја во западна Англија, пренесе во понеделникот BBC.

Поранешниот полковник на военото разузнавање ГРУ Сергеј Скрипал порано осуден во Москва за предавство, наводно 66-годишник, добил азил во Велика Британија по размената на шпиони меѓу САД и Русија во 2010 година.

Полицијата во неделата на клупа во градот Салисбери нашла две лица во бесвесна состојба. Тие се третираат поради сомневање за „изложување на непозната материја“, како и дека натаму се во критична состојба, изјавиле за BBC полициски извори.

Според весникот The Scottish Sun, Скрипало и млада 33-годишна жена која била покрај него биле најдени на клупа во близина на трговски центар. Потоа локацијата на којашто биле најдени била блокирана и бил испратен тим специјалисти кои вршеле дезинфекција на зоната. Тие пронашле непознат предмет, кој е подигнат од местото во заштитен пакет. Супстанцата, којашто наводно го предизвикал труењето, сѐ уште не е утврдена.

Локалната полиција во грофовијата Волтшир за руските медиуми го потврдила инцидентот, но одбила да го потврди идентитетот на хоспитализираните. Додале дека истрагата е во рана фаза, и оти сѐ уште не може да се зборува дали станува збор за кривично дело.

Во 2006 година воениот суд во Москва го осуди полковникот во резервниот состав на ГРУ, Сергеј Скрипал, на 13 години затвор. Во време на неговата служба во руските вооружени сили во средината на 1990-те години, тој бил врбуван од британското разузнавање MI6 до коешто доставувал информации кои носеле ознаки државна тајна.

Скрипал замина во Велика Британија откако беше помилуван од рускиот претседател и заедно со уште двајца осуденици за шпионажа разменет за десет руски државјани затворени во САД под обвинение за шпионажа.

Односите меѓу Лондон и Москва се затегнати од труењето на поранешниот агент на КГБ Александер Ливиниенко во Британија во 2006 година, за што британската истрага првично утврди дека „веројатно го одобрил“ рускиот претседател Владимир Путин, но овој случај сѐ уште е на суд.