Поранешен српски боксер пронајден мртов во својот стан

Поранешен српски боксер пронајден мртов во својот стан
Поранешен српски боксер пронајден мртов во својот стан

Српски боксер е пронајден мртов на подот на бањата, во состојба на распаѓање, откако полицијата на повик на соседите провалила во станот.

Станува збор за некогашниот ас на бокс клубот „14 Октомври”, 67-годишниот Десимир Сретеновиќ-Тарабаша.

Десимир со години живеел сам, отуѓен од семејството, во стан преполн со ѓубре.

bokser1

Не контактираше со луѓе. Го препознаваа по беретката која ја носеше. Никому не се јавуваше, и понекогаш ќе поздравеше некого со кревање на раката. Долго време не комунициравме, но го следев неговото движење и состојбата. Дојдов да го погребам како што доликува бидејќи не е во ред да го погреба општината. Жал ми е што никој не сметаше дека е потребно да го прати на лекување. Моите кучиња живеат подобро од тоа што тој живееше,  раскажал неговиот брат Витомир Сретенови.

Десимир се повлекол кога имал 37 години поради психолошки проблеми, а пред тоа работел во ИМК „14 октомври” како благајник.

Тој боксувал во лесна, полутешка и тешка категорија, а најуспешен бил во тешка категорија.

Во кариерата имал повеќе од 200 натпревари и од повеќето од нив излегувал како победник.

Бил борец без мана и не се плашел да влезе во ринг ни со најголемите боксери. Сепак, имал проблеми и бил отуѓен од луѓето.

Десимир бил познат е и по тоа што донирал крв 120 пати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.