Поранешен агент на ЦИА обвинет дека издал тајни информации на новинар

Неколку години наназад поранешниот агент на ЦИА Џефри Стерлинг беше под истрага, но истражителите примарно беа фокусирани врз новинарот Џефри Рајзен, пишува Би Би Си.

Обвинителството верува дека Стерлинг му давал тајни информации на Рајзен за најстрого чуваните тајни на владата: тајната мисија на ЦИА за обезбедување информации  за нуклеарното вооружување на Иран.

cia_2

Рајзен засега несака да ги открие своите извори. Обвинителите го присилуваат да сведочи на суд, а според нив, мошне ќе биде тешко агентот да биде прогласен за виновен без сведочењето на новинарот.

Во текот на вчерашниот ден против поранешниот агент на ЦИА Стерлинг беа покренати обвиненија во федералниот суд за девет обвиненија со кои тој се соочи по двонеделното судење каде Рајзен не се појави.