Свет

Поранешен конгресмен ги повика Американците да потпишат петиција за помилување на Сноуден

Поранешен конгресмен ги повика Американците да потпишат петиција за помилување на Сноуден

Поранешниот американски конгресмен Рон Пол, ги повикал граѓаните да потпишат петиција со барање за помилување на поранешниот соработник на разузнавањето на САД, Едвард Сноуден. Петицијата е објавена на неговиот сајт, пренесе „РИА Новости“.

„Едвард Сноуден го жртвуваше своето државјанство, извори на приход и слобода, откривајќи ја меѓународната шпионска програма на АНС. Благодарение на храбрите дела на еден човек, Американците сега знаат за скандалозните активности на Владата и нејзиното шпионирање“, вели во своето видео обраќање Пол.

Поранешниот конгресмен ги повикува своите поддржувачи да ја потпишат петицијата, што предвидува враќање на Сноуден во САД, пред истекот на неговиот азил во Русија.