Поранешен новинар стана директор на грчката разузнавачка служба

Поранешниот новинар Јанис Рубатис е назначен за директор на грчката Национална служба за разузнавање (ЕИП) од страна на премиерот Алексис Ципрас, јави „Катимерини“, пишува МИА.

Рубатис е роден во Јанина во 1948 година и има докторат по меѓународни односи од Универзитетот Џон Хопкинс.
Тој бил специјален советник на премиерот Андреас Папандреу за светски медиуми во 1981 година и бил владин портпарол во 19987 и 1988 година. Од 1994 до 1999 бил пратеник на ПАСОК во Европскиот парламент.
Во 1987 година Рубатис ја објавува книгата „Заплеткани мрежи: САД во Грција 1947-1967“ која е заснована на неговата докторска дисертација во која ги осуди американските власти и грчките повоени конзервативни партии за нивната соработка со американските тајни служби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.