Поранешен полицаец со досие криумчарел мигранти

Триесет и четиригодишниот Е.Н. од Велес и уште едно непознато лице добија кривична пријава бидејќи криумчареле мигранти. Велешанецот се уште е во бегство и по истиот е распишана потерница.

Имено во месец август  на патот Куманово – Романовце било забележано певртено возило марка „застава 83.10“ со штипски таблички.

Полицајци од СВР Куманово излегле на местото на настанот при што било констатирано дека возачот го немало во возилото, истиот се дал во бегство, а во близина биле пронајдени девет илегални мигранти, три лица од Нигерија и шест лица од Сирија. Четворица од нив биле малолетници. Тие биле без документи за идентификација.

Со лицата е извршен разговор при што било констатирано дека во возилото имало околу 50 мигрантити и кога се случила собраќајната незгода другите се дале во бегство заедно со возачот во непознат правец. Се работело за две различни групи кои во различен период имале допатувано во земјава со намера да патуваат во земјите од ЕУ. Едната група во која биле околу дваесет мигранти од Нигерија преку Бугарија допатувале во Србија, каде на НН лице кое ги организирало му дале по 400 евра од човек да ги пренесе до Италија, а другата група мигранти била од Сирија и броела од 25-30 луѓе кои илегално оствариле влез од Грција во Македонија и биле предводени од НН лице од Авганистан за сума од 850 евра по човек. Парите требало да му ги дадат откако ќе пристигнат во Србија.

На местото на настанот пронајдено е и возило марка “рено-клио“ со велешки таблици кое било заклучено, а возачот на истото го имал напуштено местото. Авомобилот е оставен на местото на настанот, бидејќи се движел пред возилото кое имало сообраќајка и се исклучил од локалниот пат село Романовце-Куманово, движејќи се по пат кон атарот на село Романовце. Кога се случила сообраќајната незгода возачот на рено клиото не бил во можност да се врати назад, по што го оставил возилото на 30 метри од незгодата.

По извршените проверки пронајден и извршен е разговор со сопственикот на возилото Н.Р. од Радовиш, при што истиот изјавил дека автомобилоѕ го имал објавено на оглас и се јавило лице кое се преставило по име Аце од Велес,  наводно заинтерсиран купец. Лицето кое се преставило како Аце пристигнал со возило марка „шевролет спарк“, со велешки таблички, а во него имало уште две засега непознати лица, од кои едно од лицата го управувало возилото, додека другото лице откако се пазареле го управувал камионот. Н.Р. изјавил дека камионот им го продал за сума од 2100 евра од кои 1900 евра му биле исплатени веднаш, додека останатите 200 евра требало да му ги исплатат откако ќе се направи купопродажен договор кај нотар.

Од извршените проверки телефонскиот број со кој лицето се јавувало на огласот е констатирано дека се води на лице од Велес по име О.М. со место на живеење во Велес. О.М. е повикан на службен разговор при што тој изјавил дека наведениот телефонски број се води на негово име и го дал на користење на неговиот син Е.Н. кој заминал на одмор во Дојран. Е.Н. на седми август се јавил на неговата мајка, сопруга на О.М, и ги известил дека се наоѓа во Дојран а телефонот кој му го дал неговиот татко на користење паднал во вода и не му работи.

Сопственикот, пак, на возилото марка „рено клио“ Т.Р. од Велес, кое беше пронајдено во близина на настанот, изјавила дека возилото го продала на петти март 2014 година на лицето Ј.Д., за што поседувала купопродажен договор,. Затоа на разговор е повикана и Ј.Д. (сестра на пријавениот Е.Н.) која изјавила дека автомобилот го купила, а најчесто истиот го користи нејзиниот брат Е.Н., бидејќи со сопругот имаат друго возило за користење. Нејзиниот брат и се јавил по телефон и и кажал дека со нејзиното возило ќе оди на одмор во Дојран.

По извршените претраги дојдено е до сознание дека главен осомничен и организатор на овој настан е Е.Н., кој всушност бил и возач на возилото рено клио, кое има улога на претходница при транспортот на мигрантите,

При претресот лицето не е пронајдено дома а пронајдени се и одземени: купопродажен договор за возило марка „рено клио“, службена лигитимација издадена од МВР на име Е.Н. и телефон марка „Самсунг“ кој го користел пријавениот. Инаку Е.Н. е поранешен полицаец во МВР, кој бил инволвиран и во случајот “Франкфуртската мафија“ за што издржувал казна затвор од три години во Германија. Истовремено тој бил вмешан и во други дела како еден од главните организатори за криумчарење на мигранти.