Поранешна министерка за правда ќе биде исфрлена од дома!

Поранешната министерка за правда на Србија, Снежана Маловиќ, наскоро ќе биде иселена од воената резиденција на Сењак, во која живее од 2010. година, бидејќи државната вила ја користела без никаква основа.

Како што пренесува српски Курир, Маловиќ веќе години живее со семејството во резиденцијалниот објект, иако на тоа нема право.

-Маловиќ наскоро ќе биде иселена од воената вила, станува збор за резиденцијален ојект, куќа од околу 200 квадрати со двор, вели извор за српски Курир.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.