Поранешниот лидер на турската опозиција: Во земјата има сериозна кризна ситуација

Поранешниот лидер на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) и актуелен пратеник на партијата од провинцијата Анталија, Дениз Бајкал, изјавил дека во Турција има сериозна кризна ситуација, соопшти електронското издание на весникот „Милиет“.

По состанокот со претседателот на земјата Абдуллах Ѓул, поранешниот лидер на ЦХП истакнал дека сегашната ситуација во земјата создава впечаток за „континуиран судир на овластувањата“.

„Основните државни органи се во ситуацијата на сериозно спротивставување и взаемна борба. За жал овие конфликти се забележуваат во сите делови на земјата. Тие се случуваат во пресрет на локалните избори и во Истанбул, а исто така и во Измир“, посочил Бајкал, цитиран од весникот „Милиет“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.