Поранешниот премиер на Либија има забрана да ја напушти земјата

Главниот обвинител на Либија, Абдулакадер Џумаја Раду, соопшти дека му забранил на поранешниот премиер на земјата, Али Зејди да патува во странство, додека трае истрагата против него, пренесе „Ројтерс“.

Зејди, кој ја загуби власта по гласањето недоверба во парламентот, ќе биде под истрага за наводна корупција и други неправилности, изјави обвинителот пред „Ројтерс“ и либиската телевизија „Ал Ахрар“.