Поранешниот сопруг на Гоца Тржан претепан среде Белград

Иван Маринковиќ, поранешен сопруг на српската пејачка Гоца Тржан вчера бил претепан во центарот на Белград, пренесуваат српските медиуми.

Како што пишуваат српските портали Маринковиќ бил пресретнат од група момчиња  кои излегле од автомобил „Бе-ем-ве“ пред една обложувалница во центарот на Белград, и му го скршиле носот.

Гоца и Иван се разведоа пред неколку години, а ја имаат шестгодишната ќерка Лена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.