Свет

Поранешна Мис Бразил најдена мртва

Поранешна Мис Бразил најдена мртва

Мис Бразил од 2004 година, Фабијана Никлоти е пронајдена мртва во својот стан во градот Грамадо на југот на Бразил.

Полицискиот инспектор Густаво Барселос изјави дека телото на Никлоти е пронајдено синоќа. Според неговите зборови, нејзиниот брат ја повикал полиција откако таа не се јавувала на телефонските повици.

Барселот нагласи дека на нејзиното тело немало рани или модринки, ниту пак траги од насилство.