Поранешната девојка на Мел Гибсон бара алиментација од 90.000 евра

Поранешната девојка на Мел Гибсон со кого актерот ја има ќерката Лусија бара поголема алиментација.

Двојката се раздели откако, славниот актер ја удрил Оксана Григорјева затоа што се сомневал дека го изневерува.

Пред пет години таа го доби старателството над ќерката Лусија, а сега сака повторно да се појави на суд, каде што ќе бара алиментацијата да се зголеми од 18.000 на речиси 90.000 евра месечно.

Како причина за толкавото зголемување, таа наведе дека и’ е потребна сигурност за детето, но и за патувањата на Лусија кај татко и’. Оксана неодамна прогласи банкрот, иако таа покрај од Мел, добива алиментација од 3.000 евра за синот Александар, од таткото на детето Тимоти Далтон.