Поранешната мис на Романија усмрти петмина во сообраќајка

Поранешната мис на Романија усмрти петмина во сообраќајка
Поранешната мис на Романија усмрти петмина во сообраќајка

Минaтогодишната Мис на Романија Дина Дину (25) со своето возило удрила во запрежна кола. Четири лица, од кои едно 5 годишно девојче, загинаа, а уште 4 се повредени и во критична состојба. Несреќата се случила во источна Романија.

Дина Дину и тројцата кои биле со неа во нејзиното ауди останале неповредени.

Според полицијата, 46 годишниот возач на запрежната кола Маријан Батоага бил пијан и скршнал од патот кон улицата без да види дали има автомобил.

1mis160

Полицајците велат дека убавицата не била во можност да го избегне сударот со дрвената запрежна кола.

Тројца од четворицата загинати биле од исто семејство.