Поранешниот директор на Катастар и неколку вработени проневериле 50.000 евра

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против С.Т. поранешниот директор на Агенцијата за катастар и недвижности и уште неколку вработени во Агецијата за сомнение  за злоупотреба на службена положба.

Имено, во текот на 2016 и 2017 година, пријавените ја искористиле службената положба, и давале консултантски услуги на републичкиот геодетски завод во Србија,  без да склучат договор за нивно ангажирање од Агенцијата за катастар.

За патувањата во Србија, тие користеле службени возила, пријавувале патни трошоци, користеле дневници и сето тоа на трошок на буџетот на Агенцијата за катастар.
Пријавените услугата си ја наплатиле на нивни трансакциски сметки, и противправно се стекнале со 3.344.828 денари, иако, овие средства требало да бидат уплатени на посебна сметка на АКН.

Во продолжение ви го пренесувме целосно соопштението од АКН:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.